Романската влада ќе воведе нов данок на бакшиш во рестораните и хотелите во септември, четири години откако не успеа во првиот обид.

Според претставниците на туристичката индустрија, мерката беше предложена да се зголеми заработката на вработените и да се подобри стабилноста на работната сила.

Министерството за финансии проценува дека оданочувањето на бакшишот може да ги зголеми фискалните приходи во време на големи фискални дефицити, бидејќи на владата и недостасуваат пари за да се покријат зголемувањето на платите и пензиските трошоци.

Идејата за одданочување за првпат се дискутираше во почетокот на 2015 година, кога владата донесе итна регулатива, принудувајќи ги компаниите да регистрираат бакшиш на посебна фискална сметка и да платат данок на тоа од 16 проценти.

Владата ја укина мерката неколку недели подоцна затоа што романската даночна администрација не беше во можност да обезбеди пристојна контрола на приходите.

Сепак, туристичката индустрија ја поддржува идејата за одданочување на бакшиш.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 13:30