Во текот на изминатите денови (16,17 и 18.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 201 возач управувалe возило со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 77 возачи од кои: 33 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 44 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Како што денеска соопштија од СВР Скопје, исклучени од сообраќај биле 43 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,четворица возачи поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување,четворица возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четворица возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци.

Во текот на изминатите денови издадени се 384 мандатни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2019 11:37