Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против М.Б.(23), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. М.Б е лишен од слобода во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по претходна судска наредба, вчера извршиле претрес во домот каде престојувал М.Б. во Чаир, Скопје. При претресот, соопшти денеска МВР, била пронајдена марихуана, чинија со остатоци од бела прашкаста материја и картичка со остатоци од бела прашкаста материја.