Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, во кои девет лица поминале со телесни повреди.
Во рамки на преземени мерки и активности, од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои еден управувал возило под дејство на алкохол, а 13 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола.
Констатирано е, информираат од СВР Скопје, дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Исто така, исклучени од сообраќај биле и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Санкционирани се и седум пешаци.
Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози.