Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје вчера се здобиле со повреди по пад од висина.

Како што соопшти МВР, вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени двајцата вработени.

-Кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.В. телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот, наведуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 12:34