Кумановската полиција поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишен кумановец кој за помалку од три месеци извршил пет тешки кражби на различни локации во градот, информираа денеска од СВР Куманово.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 23 мај до 9 август годинава извршил тешки кражби на различни локации во Куманово, се наведува во соопштението на СВР Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 13:21