На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 18 возачи, од кои еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле и 17 возила, бидејќи биле нерегистрирани.

Од СВР Скопје информираат дека се санкционирани и тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престигнување, тројца поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Санкционирани се и шест пешаци.

Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози за непрописно паркирање.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведе зајакната контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, се откриени 49 мотоциклисти, кои сториле прекршоци и им се издадени исто толку прекршочни платни налози.

– Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 10 прекршочни платни налози и 10 мандатни платни налози, соопштија денеска од СВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2019 14:45