СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовецот Ц.Ј. (38) осомничен за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ и против Ф.Д.(25) од Тетово, Ј.Ш.(24) од село Арачиново, .Х.А.(45) од Скопје и М.Ј.(26) од село Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање”.

Во периодот од 01.06.2019 до 27.07.2019 во авто школи, колонијални продавници, канцеларии и патнички возила, соопшти денеска МВР, пријавениот извршил девет тешки кражби, при што одземал разни предмети.

– После тоа, одземените предмети ги продавал на второ, трето, четврто и петтопријавениот, кои знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 449.100 денари, се појаснува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2019 16:31