Во периодот од 18.30 часот на 24.08.2019 до 01.30 часот на 25.08.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје при контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли санкционира 46 возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.

Откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози, информираат денеска од СВР Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2019 11:50