СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од ресенското село Асамати, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавениот во периодот од 17.06.2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование, во која биле внесени лажни податоци за број од главна книга, печат на дипломата, лажен потпис од директорот и лажни податоци за положени предмети и постигнат успех.

– Исто така, пријавениот набавил четири лажни свидетелства за завршена прва, втора, трета и четврта година средно образование со невистинити податоци за ученик, клас, издавач на сведителства и оценки за положени предмети во тие учебни години, соопшти денеска МВР.

Ваквата лажна диплома, појаснуваат, пријавениот ја употребил и приложил како доказ за завршено средно образование на објавениот конкурс во МВР во 2002 година за вработување на полициски службеници, каде бил примен на работа како полицаец и работел најпрво во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Ресен, а неколку години подоцна и во Полициската станица за граничен премин Стење при Регионалниот центар за гранични работи Запад.

А.Ш., лажната диплома за завршено средно образование повторно ја употребил при упис на Технички факултет во Битола, а во 2012 година и по трет пат при упис на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, каде дипломирал во 2014 година.

– Врз основа на таа диплома тој се здобил со повисока позиција – инспектор – Раководител на смена во Полициската станица за граничен премин Стење. На овој начин пријавениот остварил материјална корист од месечни примања – плата од МВР во период од над 16 години, се посочува во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2019 12:01