За време на викендот 186 возачи се санкционирани бидејќи возеле побрзо од дозволеното, а 54-ца управувале моторно возило пред да се стекнат со возачка дозвола.

Билтенот на СВР Скопје покажува дека од сообраќај се исклучени и 18 возачи кои возеле под дејство на алкохол, како и девет возачи почетници. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 40 нерегистрирани возила.

Викендов се случиле 19 сообраќајки од кои во 12 е причинета материјална штета, а во седум имало повредени лица. Со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на мопед и сопатник на мопед, а со полесни повреди биле 12 лица.

Еводентирани се и 11 возачи кои поминале на црвено светло и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

За некористење на заштитен шлем санкционирани се 40 возачи на мотор, мопед и мотоцикл, како и 10 пешаци кои не поминале на обележан пешачки премин.

Сообраќајната полиција издала 116 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 89 возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2019 11:37