Четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот што денеска избувна над езерото „Младост“.

– Се разговара со лицата и тие ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат за МИА од СВР Велес.

Како што информираат од ТППЕ Велес за МИА, шумскиот пожар е се уште активен. Локализиран е пожарот кај селото Новачани, а во моментов гори покрај патот за езерото.

Нема опасност за куќи и викендици. Во моментов горат трева, трње и бор.

Противпожарната бригада на Град Скопје излезе во пресрет на барањето на Општина Велес и ќе помогне во гаснењето на пожарот во Велешко.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 00:38