И.Х. (35) од Скопје здобил тешки телесни повреди откако синоќа, управувајќи мотоцикл „хонда“, изгубил контрола и паднал.

Според МВР, несреќата се случила во 19 часот на улицата „Коста Новаковиќ“.

Мотоциклистот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 11:53