Триесет и седумгодишниот Б.З. синоќа бил физички нападнат од повеќе соседи на улицата „Банатска“ во Скопје.
Како што се наведува во МВР-билтенот, Б.З. случајот го пријавил синоќа околу 19.15 часот во СВР Скопје. Тој бил физички нападнат од повеќе соседи по расправија за паркирање возила и фрлање смет. Нападнати биле и К.Ѓ (32) и С.Ѓ. (56), кои се обиделе да го спречат нападот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.