Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.
По средбата на Меѓународниот аеродром во Москва „Јуковскиј“ која траеше еден час и 20 минути, Ердоган и Путин одржаа заедничка прес-конференција на која се осврнаа на неколку прашања.
– Наша цел е да се спречи пролевање на крв и нашиот сосед Сирија брзо да добие мир по кој копнее веќе осум години, изјави турскиот претседател.
Тој рече дека „ во нападите на режимот во Идлиб од мај до сега се убиени повеќе од 500 невини луѓе, а над 200 цивили се повредени“.
– Неприфатливо е режимот од копно и воздух да убива цивили (во Идлиб), под изговор дека се бори против тероризмот, додаде Ердоган.
Турскиот претседател се осврна и на Договорот од Сочи при што истакна дека Турција „може да ги исполни обврските кои произлегуваат од Договорот во Сочи само доколку се стави крај на нападите на режимот“.
– (Нападите на режимот) Особено во близина на нашите граници, не повикуваат да се браниме и да ги преземеме потребните чекори тогаш кога е потребно, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.