Албанец од Македонија во понеделникот со нож ја усмртил неговата сопруга, исто така македонска државјанка.

Според порталот на албански јазик во Швајцарија, Албинфо, на кој се повикуваат албанските медиуми, телото на несреќната жена било пронајдено истиот ден доцна попладне во станот во Цирих во кој жiвеела со децата, додека вечерта убиецот бил приведен во кантонот Ст. Гален.

Осомничениот за убиството Илир Б.(37) бил познат по насилното однесување и закани кон сопругата Луиза (34).

– Поради тоа во февруари 2018 година бил уапсен и му бил забранет контакт и приближување до станот на жената и децата. Во април годинава повторно почнал да ја вознемирува по што полицијата му забранила било каков престој во поширокиот регион. До крајот на јули кога завршила забраната тој строго го почитувал тоа, пренесува Албинфо.

Во меѓувреме се вселил во стан во близина на зградата каде живеела Луиза со децата, кои поради „примерното“ однесување му дозволува да ги види.

Во неделата ја посетил сопругата во станот а поради чудното однесување роднини кои биле кај неа ја изветиле полицијата. Истиот ден во полицијата имало уште две јавувања против него, но и покрај напорите полицијата не успеала да го пронајде.

Околностите и мотивите за убиството се уште не се познати.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2019 11:02