Австралискиот тенисер Ник Кирјос може да биде дисквалификуван од Грен слемот во Њујорк, пренесува „Западна Австралија“. Причината е неговата критика кон АПР.

После победата над Стив Џонсон во првото коло, Кирјос беше запрашан што мисли за парична казна од 113 илјади долари што му беше изречена за неговото однесување на турнирот во Синсинати.

- Во секој случај, АТП е доста корумпирана. Апсолутно не ми пречи. Зошто зборуваме за тоа што се случи пред три недели кога само што го нокаутирав противникот во првото коло на УС Опен? – рече австралискиот тенисер.

Весникот објави дека АТП веќе ја разгледува можноста да го дисквалификува Кирјос.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2019 17:49