Новите измени кои ќе бидат предложени во Законот за рамномерен локален развој треба придонесат за рамноправна распределба на средствата од државниот буџет кон осумте плански региони, најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски при посетата на Гостивар и регионалната депонија Русино и промовирање на проектот од првата фаза на рехабилитација на локалниот пат.
– За предложените измени на законот е разговарано и со премиерот. Со нив е предвидено повеќе средства, а со тоа и ќе можеме дополнително да ги финансираме регионите и да се запази рамномерниот реазвој. Досега, за рамномерниот развој и правичното финасирање само Министерството за локалната самоуправа учествуваше и водеше сметка. Останите министерства иако инвестираа во развојот на државата, не водеа доволно сметка за рамномерноста. Новите измени предвидуваат методологија според која и останите министертва ќе издвојуваат средства според потребите на регионите. Досега имало проблеми, но со новиот закон тоа би се надминало, изјави Милевски.
На промовирањето на прокетот за рехабилитација на локалниот пат кој води од месноста Сушички мост до депонијата Русино со министерот беа и градоначалниците на општините Тетово и Гостивар, Теута Арифи, Арбен Таравари и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.
Министерот Милевски нагласи дека за првата фаза на рехабилитацијата на околу 2,5 километри од патот, издвоило 24, 5 милиони денари. Тој изрази надеж дека за следната година ќе се најдат доволно пари и за втората половина и негово целосно завршување, а за оваа година, како што нагласи, за проектите на полошкиот плански регион министерството издвоило уште 55 милиони денари.
Во рамки на решавање на прблемот со депонирањето на сметот, Милевски кажа дека се издвоени и дополнителни средства за изработка на проектна документација за изградба на алтернативен пат којшто ќе ја поврзува депонијата со магистралниот пат Гостивар-Кичево.
За изградбата на алтернативниот пат, градоначалникот нагласи дека во значителна мера ќе го сопре загадувањето на околината и градската средина, особено по рутата по која се движат камионите со комунален смет. Тој уште еднаш ја повика централната власт да најде решение за регионалните депонии или да ги врати ингеренциите за управување на локално ниво. Со тоа, како што рече, ќе се избегнат катастрофи како таа од пред еден месец кога два дена гореше ѓубриштето на депонијата.
Како што истакна градоначалничката на општина Тетово Теута Арфи, овој проект е резултат на соработката на девет општини и оти тоа е добро основа за натамошна соработка.