Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од годинава е намалено за 9,7 отсто во споредба со истиот период од 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од листопадни видови и кај просторното од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство, пак, има кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни и листопадни видови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2019 14:50