Едно лице е повредено во оружена престрелка што се случи попладнево во селото Арнакија, Општина Сарај.

Во престрелката, како што потврдуваат од МВР, учествувале неколку лица, а повреденото лице е префрлено во болницата „8 Септември“.

Во тек е увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2019 16:20