Во Охрид денеска и утре ќе се одржи 10-тиот јубилеен Охридски езерски куп во мечување. Ќе учествуваат ветерани, деца и младинци од земјава, како и од Романија, Србија, Хрватска, Унгарија, Русија, Полска, Финска, Франција, Англија, Бугарија.
Целта на турнирот е да се популаризира мечувалечкиот спорт кај детската и возрасната популација и афирмација на Македонија како туристичка и спортска дестинација.
Оваа година, од 1 септември прв пат се воведува Европски куп за ветерани, а Охридски езерски куп е првиот според кој ќе се врши бодувањето за учество на Европскиот куп.
На Охридскиот езерски куп годинава ќе учествуваат еден двократен европски шампион и еден светски шампион во мечување.