На 55 возачи им се изречени мандатни казни за пречекорување на брзината во акциска контрола што Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје ја спроведе вчера од 6 до 24 часот.

Како што соопшти МВР, откриени се и 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ноќеска меѓу 20 и 1 часот спроведе контрола и за откривање прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје.

Притоа се санкционирани 46 возачи, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 26 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2019 12:41