Повозрасна жена починала од повреди нанесени со остар предмет, а две лица со повреди се пренесени на скопските клиники.

Утрово во 3:55 часот во СВР Тетово е пријавено, дека во стан на ул „Илинденска“ во Гостивар има повредени лица.

– Полициски службеници кои биле испратени на местото на настанот констатирале дека во еден од становите во зградата повредени се С.Т. (78), и сопружниците С. Р. (54) и 60 годишниот Б.Р. Набрзо трите лица се пренесени во гостиварската болница каде им е укажана медицинска помош. Највозрасната им подлегнала на повредите, а другите две лица се префрлени на скопските клиники, изјави за МИА Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Утрово околку 6 часот во Гостивар лишен од слобода 46-годишен гостиварец поради сомнение за негова вмешаност во случајот.

На местото на настанот во тек е увид кои го вршат вршат јавен обвинител и полициска екипа.

Мотивите и околностите кои довеле до крвавиот настан сé уште не се познати.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2019 12:48