Ш.Т. (49) од Мариово денеска го загубила животот откако се превртела приколката на тракторот во кој се превезувала со својот сопруг Б.Т.

Според МВР, несреќата се случила во атарот на село Рапеш, Мариово, а е пријавена претпладне во 10:40 часот.

Додека Б.Т. и Ш.Т. се превезувале со тракторот со приколка, приколката се превртела, при што Ш.Т. починала на самото место.

За настанот е известен јавен обвинител.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2019 16:27