СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Д. (46) од Гостивар поради основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“.
Како што информира полицијата, пријавениот е лишен од слобода утрово во 5:40 часот по преземени мерки и активности од полициски службеници од Полициската станица Гостивар.
Ѓ.Д. денеска, по три часот, во стан во зграда на ул. „Илинденска“ во Гостивар со нож ја усмртил С.Т. (78) и се обидел да ги усмрти и С.Р. (54) и Б.Р. (60), поради наводен паричен долг од Б.Р. кон Ѓ.Д.