Украинката Елина Свитолина ќе игра во четвртфиналето на УС опен, откако ноќеска во осминафиналето ја совлада Американката Медисон Киз со 2-0.

Свитолина која е петта носителка на Грен слемот во Њујорк до победата дојде за еден час и 16 минути по 7:5 во првиот и 6:4 во вториот сет.

Противничка на украинската тенисерка во четвртфиналната фаза ќе биде Јоана Конта од Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 10:06