Осумдесет и осум возачи од Куманово возеле со поголема брзина од дозволеното, од сообраќај биле исклучени 27 возачи од нив 11 управувале под дејство на алохол и 16 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, соопшти денеска кумановската полиција врз основа на контролите што ги спровела од 25 август до 1 септември.
Од сообраќај биле исклучени 20 возила од нив 14 возила, бидејќи биле нерегистрирани, а шест поради тоа што биле технички неисправни.
Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило. Во текот на минатата недела издадени се 233 мандантни платни налози, 89 прекршочни платни налози, а 78 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.