Шампионката од последното издание на „Ју Ес Опен“, Наоми Осака беше елиминирана од Белинда Бенчиќ по 7: 5, 6: 4 за час и половина игра.
Двете се сретнаа во 1/8-финалето на турнирот, а по поразот, Јапонката ќе загуби многу бодови и следната недела ќе ја предаде првата позиција во светскиот тенис и ќе биде трета на ВТА листата.
Лидер на ранг-листата ќе биде Ешли Барти, а веднаш по неа ќе биде Каролина Плишкова, иако и двете веќе испаднаа од турнирот.
За место во полуфиналето, Бенчиќ ќе се соочи со Дона Векиќ, која се справи со Јулија Гергес .