Вториот турнирски носител Рафаел Надал е последниот четвртфиналист на Грен слемот УС опен. Шпанецот ноќеска во последниот осминафинален меч го совлада хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 3-1 (6:3, 3:6, 6:1 и 6:2).

Противник на Надал во следната фаза ќе му биде Диего Шварцман од Аргентина.

Двојки за другите три 1/4финални дуели: Беретини – Монфилс Федерер – Димитров Вавринка – Медведев.

Наградниот фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,2 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2019 10:16