СВР-Битола информира дека извршена е тешка кражба во црквата Св. „Арангел“ во битолското село Долно Српци.

Според првичните информации од црквата одземени се пари и вредни предмети, а кражбата се случила ноќта меѓу 31. август и 1. септември.

– По пријавата на кражбата во СВР-Битола, нашите екипи извршија увид и констатираа дека одземени се пари и црковни предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2019 11:36