Светскиот првак во Формула 1 за 2016 година Нико Розберг, смета дека на трката за Големата награда на Белгија пилотот на „Ред Бул“ Макс Верстапен се покажа во своето поранешно светло.

Холанѓанецот го нападна Кими Раиконен од „Алфа Ромео“ премногу агресивно и го загуби растојанието и удри во болидот на Финецот.

Верстапен се врати во своето препознатливо светло. Тој е премногу агресивен. Премногу. Не разбирам зошто го стори тоа. Тој има многу храброст, но овој маневар немаше смисла, изјави Розберг. Верстапен не ја заврши трката во Белгија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2019 12:08