Ешли Барти ќе се искачи на првото место на ВТА ранг листата каде во моментот се наоѓа Наоми Осака. Јапонката ќе ја загуби лидерската позиција по вчерашниот пораз на УС опен во 4. коло од Белинда Бенчиќ.

Осака на следното рангирање ќе падне на втората позиција.

Австралијката Барти која исто така е елиминирана во 4. коло на Грен слемот во Њујорк, беше водечка кај тенисерките од 24 јуни до 11 август 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2019 14:11