Претпладнево во 11:30 часот избувна пожар кај село Црквино, велешко а со пожарот е зафатена дабова шума и смрека на неколку хектари.Таму се уште гасат пожарникари од ТППЕ Велес, кои попладнево се упатија на уште два нови пожари кај селото Раштани во близина на Велес и кај Мотелот „Македонија“ што води кон патот за Градско.

Како што информира за МИА, Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес, за справување со огнената стихија на три терени ангажирани се 20 пожарникари со противпожарни возила.

Инаку вчера попладне по осум дена беснеење конечно беше локализиран и целосно изгаснат големиот шумски пожар помеѓу секлата Ораовец и Војница, информира за МИА, Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка.

Тој потенцира дека во овој пожар за жал неповратно изгореа повеќе стотина хектари квалитетна дабова шума и при тоа многу настрада животната средина и целокупниот жив свет во овој прекрасен регион на Општина Чашка, позната по своите природни убавини.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2019 16:15