Фернандо Алонсо ќе се врати во боксот на Формула 1 за ГН на Италија, откако Мекларен призна дека би бил опција да го замени младиот Британец Ландо Норис, ако повредата на ногата стане посериозна.

Норис се повреди за време на летната пауза во првенството додека трчал. Британецот беше принуден да носи медицинска чизма на ногата пред трката во Белгија, но му беше дадено зелено светло да вози таму.

– Евентуален заменик на Норис беше Сергеј Сироткин. Тој е нашиот резервен пилот. Ние ги имаме неговите димензии на седиштето. веројатно Алонсо би можел да се дискутира и како таков, прокоментира новиот шеф на Мекларен, Андреас Зајдл.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 00:32