Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод помеѓу автомобил „опел астра“, управуван од М. С. (62) од село Манастирско Доленци, Кичевско, и автомобил „фолксваген туарег“, управуван од Ф. Џ. (26) од село Прегово, Прилепско.

„Во несреќата М. С. добил тешки телесни повреди, а Ф. Џ. и три сопатнички од неговото возило, Ф. С. (30), А. М. (21) и Ф. Џ. (57) добиле телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кичево“, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 16:15