Белинда Бенчиќ им донесе радост на навивачите во Швајцарија откако е прва полуфиналистка на „Ју Ес Опен“ од земјата од 2001 година.

Таа се справи со отпорот на Дона Векиќ по 7:6 (5), 6:3, а ова е нејзино прво појавување во полуфинале, откако претходно имаше само едно четвртфинале во 2014 година, исто така во Њујорк.

Дваесет и две-годишната Швајцарка ќе го очекува победникот на дуелот меѓу Бјанка Андреску и Елиза Мертенс. За секое од нив ова ќе биде прво учество во полуфинале на турнир од големата четворка.

По 3 години и 7 месеци, Бенчиќ ќе се врати во топ 10 на светската ранг-листа.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 23:40