Изгоре викендичка во пожарот кој избувна завчера во близина на селото Дражево, општина Ново Село, а пожарот зафати површина од околу 20 хектари.

– Пожарот е локализиран кон јужниот дел од планината Беласица и источно и западно кон селата Дражево и Старо Коњарево. Наши екипи се на терен и проверуваат да нема ново запалување и доколку има потреба ќе интервенираме – рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Едно лице беше спасено од пожарот. Пожарникарите го пронајдоа во несвесна состојба како последица од задушување со чад, а лицето најверојатно се движело на местото на избувнувањето на пожарот.

Пожарот од планината Готен кај Радовиш, кој во вторникот се прошири кон акумулацијата „Турија“ во општина Василево и поранешното село Кушкулија, Струмичко, е ставен под контрола и се очекува во текот на денешниот ден да биде целосно изгаснат.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2019 19:00