Земјоделец од тетовско Беловиште во полицијата пријавил дека вчера додека копал во нивата нашол експлозивна направа. Службеници на СВР Тетово извршиле увид па повикале стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за подигнување на експлозивното средство.

-По пријавувањето извршен бил увид и гранатата била подигната од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување Тетово за понатамошна постапка. Станува збор за експозивно средство-артилериска граната 150 милиметри којашто потекнувала од Втората светска војна, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нивата се наоѓа покрај стариот пат Беловиште-Одри.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2019 19:08