Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во споредба со јули 2019 година, немаат промена, забележано е само намалување во групата храна за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,3 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,4 отсто, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2019 17:41