Канаѓанката Бјанка Андрееску направи вистинска сензација, откако синоќа во финалето на Грен слемот во Њујорк ја совлада Американката Серена Вилијамс и го освои трофејот.

Деветнаесет годишната Андреску во меч што траеше 1 час и 41 минути го доби првиот сет со 6:3, а вториот со 7:5 за конечни 2-0.

Така Серена остана на 23 Грен слем трофеи, додека Андреску која беше 15-та турнирска носителка стигна до својот најголем успех уште на почетокот на кариерата.

По овој триумф, Канаѓанката со романско потекло ќе направи скок од 10 позиции на ВТА ранг листата и о дутре ќе биде петта на светскиот поредок за тенисерки.

Вкупниот награден фонд на УС опен изнесува 57,2 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 00:21