Италијанската одбојкарска репрезентација го доби натпреварот за 3. место на Европското првенство за жени. Италијанките попладнево во Анкара, во меч за бронзениот медал ја совладаа Полска со 3:0.

Во првиот сет резултатот беше 25:23, вториот заврши 25:20, додека третиот го доби со 26:24.

Вечерва се игра големото финале во кое ќе се соочат бранителот на трофејот Србија и домаќинот Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 02:56