Репрезентацијата на Србија е старо-нов европски шампион во одбојка за жени. Избраничките на селекторот Зоран Терзиќ вечерва во Анкара, во финалето на Европското првенство ја совладаа Турција со 3-2.

Домаќинките први дојдоа во водство (25:21), следните два сета ги добија Србинките со 25:21, Турција изедначи по 25:22 во четвртиот сет за во решавачкиот петти сет да слават српските одбојкарки со 15:13.

За Србија ова е трето злато од евро-шампионатите. Претходно беа први на ЕП во 2011 и 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 02:57