На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 33 сообраќајни незгоди, од кои во 16 има повредени лица, а во 17 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 24 лица, од кои три потешко и 21 полесно.

Сообраќајната полиција санкционирала 109 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената и 15 возачи кои биле под дејство на алкохол.

Од сообраќај се исклучени и 53 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и осум возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 65 нерегистрирани возила.

Издадени се 126 мандатни казни за непрописно паркирање, а 105 возила кои биле непрописно паркирани се подигнати со специјалното возило „пајак“.

На црвено светло поминале 13 возачи, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување, а евидентирани се и 18 возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. За не користење заштитен шлем санкционирани се 28 возачи на мотор, мопед и мотоцикл, како и седум возачи за не носење сигурносен појас.

Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале вон пешачки премин.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2019 12:19