АД Електрани на Македонија целосно ќе субвенционира вградување на инвертор клима системи за загревање на домаќинствата како супституција на огревното дрво, но не повеќе од 60.000 денари, најави денеска директорот на АД ЕСМ Васко Ковачески.

-АД ЕСМ како профитабилна компанија доби обврска од Владата дел од средствата што ги има од минатата година како капитална добивка да ги вратиме од граѓаните кај граѓаните. Во најскоро време ќе добиеме заклучок со кој ќе бидеме обврзани како компанија да субенционираме во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата, изјави Ковачески по денешната средба во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.

Ковачевски посочи дека се додека не го добијат заклучокот од Владата не можат да дадат попрецизни информации, но додаде дека како компанија можат за таа намена да одвојат три до четири милиони евра.

Мерката, како што информира министерот Бектеши, ќе почне да се спроведува како пилот проект во четири града и тоа Битола и Кичево како градови во кои има термоелектрани, Скопје како главен град и Тетово како еден од најзагадените во земјава.

-Во зависнос од интересот и ефектот на оваа мерка за наредната година ќе предвидиме и дополнителни средства кои ќе бидат проширени и на останатите градови, потенцира Ковачески.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2019 15:54