Американските полициски власти трагаат по двојник на легендарниот Хајзенберг од хит-серијата „На лош пат“ (Breaking Bad).

Полициските власти од Галенсбург, Илиноис, САД, објавија фотографија од Тод В. Барик, како дел од потрагата. И, сликата веднаш стана хит на интернет.

Имено, одметникот не само што наликува на глумецот Брајан Кренстон, туку е и обвинет за поседување метамфетамин („кристал мет“). Главниот лик во серијата ја произведуваше таа дрога.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2019 20:52