Двајца мигранти од Авганистан се повредени во сообраќајка што се случила кога возилото во кое се превезувале удрило во полициско возило.
Сообраќајката се случила ноќеска околу два часот по полноќ на патот кон селото Сопот, кумановско, кога патничкото возило „БМВ“ со скопски таблички удрило во полициското возило по што побегнало.
Околу 02:18 часот на патот Табановце-Куманово е пронајдено возилото надвор од коловозот, а во него биле затекнати мигрантите. Тие се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.