Четирикратната Гренд-слем шампионка, Ким Клајстерс сензационално го најави враќањето во професионалниот тенис во 2020 година. 36-годишната Белгијка официјално се повлече во 2012 година по УС Опен, но во специјалното видео обраќање ги најави своите планови повторно да игра активен тенис следната година, откако и недостасувало чувството да биде дел од Светската ВТА турнеја.

– Не се чувствувам како да морам да се докажувам пред некого, го прифаќам ова како предизвик. Сè уште сакам да играм тенис, го правам тоа секогаш кога е можно. Сакам да бидам повторно силна, ова е мојот маратон, затоа си реков дека ќе се обидам, вели Клајстерс.

Во видеото, таа опишува како сака да биде мајка на своите три деца и во исто време да биде професионална тенисерка. Таа работела напорно и мисли дека е време да направи втор „кам-бек“.

– Се гледаме во 2020 година, завршува пораката на Белгијката.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2019 20:01