Абдулмапан Нурмагомедов, кој е татко на непоразениот шампион во лесна категорија во УФЦ, навести дека Хабиб наскоро ќе се повлече од ММА.

Во минатото, Абдулманап изјави дека 30-годишна возраст е идеална за еден борец да ја заврши кариерата во борбените спортови. „Орелот“ ја зголеми својата победничка низа на 28-0 во ММА, откако го совладаа Дастин Порие минатиот викенд.

Сè уште не е јасно кога и каде ќе ја видиме следната битка на Хабиб, но опциите за него се борба со Тони Фергусон или Џорџ Сент Пјер.

Абдулманап во интервју сподели дека Хабиб ќе замине во пензија по уште 2 победи кога ќе направи 30-0 во ММА.

-За Хабиб, статистика од 30-0 е доволно во ММА. Ќе бараме неговата последна борба и одбрана на титулата да биде во Москва, вели тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2019 20:03