Вештачки снег на Летните олимписки игри во Јапонија – гласи новата, нестандардна идеја на организаторите на форумот во Токио, со цел – борба против високите температури кои се очекуваат за наредното лето.

Тестовите веќе се во тек. На 25 Целзиусови степени, гледачите на трибините на натпревар со кану-кајаци беа посипани со 300 килограми вештачки снег. За таа цел, беше користена механизација што обично се користи за покривање на ски-патеките.

Првичните резултати не ги оправдаа очекувањата. Температурата пред и по 10-минутното прскање снег, остана иста.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2019 20:22