Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури оствари изненадувачки тешка победа над Ото Валин на меч што се одржа во Лас Вегас. „Циганскиот крал“ победи на поени (116-112, 117-111, 118-110) против цврстиот Швеѓанец по 12 исцрпувачки рунди што ја оставија публиката без здив.
Ова е 29-ти успех во професионалната кариера на Фјури од вкупно 30 натпревари. Тој продолжува да е непобедлив, а единственото негово рем е против Дионтеј Вајлдер кон крајот на минатата година. Двајцата се очекува да се борат повторно во февруари 2020 година.
Поразот е прв за Валин во професионалниот рингпо 20 победи досега.
По објавувањето на одлуката на судијата, двајцата си поделија комплименти, а Фјури рече дека со нетрпение го очекува натпреварот со Вајлдер.